Карневалистите во Струмица цела недела ќе бидат на власт, Костадинов им го даде клучот од градот

Објавено на 23 февруари, 2023 во 15:03

Почна карневалската недела во Струмица. Првиот човек на општината Костадин Костадинов го предаде клучот на градот во рацете на првиот човек на организациониот одбор  „Струмички карневал“ Александар Цицимов. Тие до Тримери ќе реализираат низа активности со кои ќе привлечат голем број посетители не само од државата туку и од странство, пишува веб поратлот Дрнка.мк

„Дочекавме уште еден симболичен почеток на Струмичките карневалски свечености, кои цели осум дена, од денес па се до 1 март, ќе бидат наше добро утро, добар ден и добровечер, а Струмица ќе биде центар на светот, како што се вели во химната на Струмичкиот карневал. Токму затоа, со многу радост го предавам „клучот на градот“ во рацете на струмичките карневалисти кои „од среда до среда“ ќе бидат стопани на Струмица. Иако станува збор за симболика во ова примопредавање, сепак теба да се знае, дека и со клуч и без клуч, Струмица секогаш е отворена и гостопримлива за сите добронамерници од земјата и странство“, рече Костадинов.

Повеќе на Дрнка.мк.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.