Ковачевски: Очекувам регуларни и демократски избори, не исклучувам можност од странски мешања преку дезинформации и хибридни активности

Објавено на 17 февруари, 2024 во 12:17

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за МИА вели дека од институционален аспект очекува регуларни и демократски избори, но не ја исклучува можноста од странски мешања преку дезинформации и хибридни активности.

Што се однесува до организацијата на изборите од институционален аспект, да, очекувам регуларни и демократски избори, за тоа ќе се погрижат и Државната изборна комисија, и сите други институции коишто имаат и капацитет, сега зголемен и со претставници на опозицијата, согласно нашиот закон за техничка Влада за спроведување на изборите, вели Ковачевски.

На прашањето да даде коментар на изјавата на заменик-генералниот секретар на НАТО, дека во земјава постои опасност од дезинформации и хибридни активности во пресрет на изборите кај нас, вели дека тоа е точно.

Тоа што го кажуваат високите претставници на НАТО, во делот на странски мешања, преку дезинформации и хибридни активности…, тоа е точно, подолг временски период. Јас за тоа имам зборувано низ повеќе јавни настапи, дека трети држави, сакаат да влијаат на изборните процеси во Северна Македонија, и не само во Северна Македонија, туку и во Црна Гора. Затоа што тоа се две држави кои што станаа земји-членки на НАТО а некој сметаше дека тоа се држави во коишто има отворени прашања. И се уште имаме политички партии кои сметаат дека треба да имаме отворени прашања ние, со соседна Бугарија, со Грција, затоа што тие политички партии се финансирани од држави коишто сакаат да го имаат тоа. Дел од нив не го ни кријат толку вешто, бидејќи финансирањето го прават преку трети држави, вели Ковачевски.

Вели дека како поранешен претседател на Влада и како носител на највисокото ниво на безбедносен сертификат на НАТО, располагал со многу информации и оти е најважно што е отпочнат процесот на идентификување на поединци, групи и институции, кои ги дисеминираат тие лажни информации.

Тие што тоа го прават, да не мислат дека не се знае. Сметам дека е добро што потпишавме во време на мандатот на мојата Влада Меморандум за соработка со САД во делот на борбата со дезинформациите и лажните вести. Тоа значи дека преку соработка со САД ќе можеме да работиме на идентификување на изворите, на идентификување на начините на пренесување и на идентификување поединци и групи и институции кои ги дисеминираат тие лажни информации и хибридни влијанија во нашата држава, тоа ќе биде подолг процес, меѓутоа добро е што го почнавме процесот и добро е што на тоа веќе работат институциите и би испратил една порака граѓаните се првиот филтер на лажните информации и на странските и на какви било други влијанија кои не и сакаат добро на државата и треба да обрнуваат внимание на изворите од каде ги добиваат информациите, веродостојноста на информациите бидејќи ние во нашата држава имаме коишто се регулирани согласно закон за медиуми, коишто се дел од еснафските здруженија на медиумите, меѓутоа имате и други портали измислени итн, поединци по социјални мрежи кои шират лажни вести, вели Ковачевски за МИА.

Во однос на тоа како течат подготовките за претстојните избори со оглед на кампања, организација и програма, вели дека во текот на изминатите месеци 18-те комисии на СДСМ биле екипирани со околу 200 експерти коишто не се сите членови на партијата, меѓутоа коишто делат исти вредности со нас и коишто работат на новата изборна програма за изборите во 2024 до 2028 година, програма која ќе биде многу конкретна, програма која што ќе содржи конкретни мерки исто како што содржеше и во 2020 година и програма која што, пред се’ ќе се грижи за економската благосостојба на граѓаните за унапредување на општествените процеси и секако за продолжување и заокружување на процесот на европски интеграции.

Во однос на тоа во што ќе се разликува новата програма на СДСМ од досегашната и каде ќе ги акцентираат промените, тој вели дека и досега воделе социјалдемократска политика, како што вели, солидарност, луѓето да се третираат еднакви според законите и дека треба да се работи на прогресивни политики, и оти таква ќе биде и идната програма.

На програмата работат 18 партиски комисии, коишто имаат 200 експерти во своите области. Таа ќе биде конкретна. Таа ќе значи продолжување на зголемувањето на минималната плата, продолжување на зголемувањето на просечната плата, продолжување на зголемување на работните места, на странските инвестиции, продолжување на енергетската трансформација, бидејќи да не заборавиме дека во мандатот на Владата која што јас предводев, имаме најголемо инвестирање, и најмногу обновливи извори на енергија коишто денес произведуваат електрична енергија, вели Ковачевски.

Тој додава дека ако до 2016 година во Владата на ДПМНЕ имало 16 мегавати инсталирани обновливи извори на енергија, само за две години во мандатот на неговата Влада имало стотини мегавати.

Тоа е повеќе од капацитетот на РЕК Битола, 170 илјади семејства можеа да се снабдуваат со електрична енергија.Благодарение на тоа, ние денес имаме повторно евтина тарифа на струјата во текот на дневните часови, каде што граѓаните можат да заштедат и до илјада денари на електрична енергија месечно, вели Ковачевски.

Истакна дека програмата ќе биде продолжување исто така и на конкретни активности за полноправно зачленување во ЕУ, програма, вели, која што ќе обезбеди еднаквост на граѓаните каде што општеството ќе биде еднакво за сите да можат да ги искористат своите лични и професионални капацитети и да напредуваат во својата лична и професионална кариера.

Ќе има решенија кои што се однесуваат и на реформи на јавната администрација, бидејќи мислам дека е дојдено време на комплетна професионализација на јавната администрација. Сметам дека времето на балансери, времето на тоа дека кога етничка припадност беше професија е завршено, бидејќи граѓаните очекуваат врвни услуги. Ние денес живееме во време кога се дојдени нови генерации, коишто сакаат брзо и веднаш решавање на нивните проблеми, и на услугите коишто ги бараат од државните институции, нагласи Ковачевски.

Во Европскиот фронт вратите се отворени за сите што ги делат вредностите за зачленување на земјава во ЕУ, а затворени за политички партии кои имаат алтернативни решенија, а не за зачленување во ЕУ, вели претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.

На прашањето дали ќе коалицира со поранешниот член на СДСМ Максим Димитриевски, кој е градоначалник на Куманово и основач на партијата ЗНАМ, Ковачевски вели дека тој својата кампања ја базира на тоа да биде против своите.

Максим Димитриевски е долгогодишен поранешен член на СДСМ. Тој во текот на своето политичко делување одлучи да формира своја политичка партија. На минатите локални избори во градот Куманово тој беше поддржан од опозицијата на државно ниво, односно од ВМРО-ДПМНЕ и од некои други политички партии и на тој начин успеа да го добие мандатот за градоначалник, односно да извојува победа за градоначалник и после тоа формираше своја политичка партија. Не би можел во моментов да ви кажам во делот на коалицирањето или со политичката партија која што ја предводи градоначалникот на Куманово или со други политички партии со коишто не сме коалицирале со оглед на тоа дека тие во своите настапи сакаат да направат диференцијација од тоа што биле цел живот, вели Ковачевски.

Прашан дали имаат договор со ДУИ да одат со свои кандидидати за претседател на изборите, вели дека СДСМ ќе оди со свој претседателски кандидат, којшто ќе биде поддржан од сите коалициски партии на партијата.

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски прашан кога ќе биде познат претседателскиот кандидат на партијата, вели дека нивниот кандидат ќе дели европски вредности и нема да ги дели граѓаните на ниту по еден основ, додавајќи дека актуелниот претседател Стево Пендаровски во изминатите пет години одлично ја извршувал функцијата.

Не би сакал во моментов да истакнувам ниту еден кандидат со оглед на тоа дека тоа е не ниту статутарно, не е ниту етички од моја страна. Меѓутоа, само ќе истакнам дека бидејќи најмногу прашања се вртат околу тоа дали претседателот Пендаровски ќе оди за втор мандат јас сметам дека тој одлично ја обавуваше својата функција во текот на изминатите пет години, токму ги застапуваше вредностите коишто јас сега ги кажав, меѓутоа и коишто ги споделува нашата партија, вредностите коишто ги споделува и нашата коалиција, односно коалиционите партнери на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, изјави Ковачевски, во одговор на прашањето колку кандидати се влезени во потесниот круг и кога ќе биде објавено неговото име.

Ковачевски додаде дека јасно е каков ќе биде профилот на претседателот што ќе го предложат, односно, ќе дели европски вредности, ќе се залага за заокружување на процесот на европски интеграции на државата до 2030 година којшто нема да ги дели граѓаните по ниту еден основ не само етнички, туку и по која било припадност на кој било граѓанин во нашата држава

Ковачевски, во однос на тоа дали на парламентарните избори ќе имаат заеднички листи, вели дека ќе имаат листи со нивните коалициски партнери, но на тие листи отвора можност да се приклучат и други партии, како што вели, доколку оценат дека ги делат истите вредности како и СДСМ.

Другите политички партии на коишто алудирате во делот на приклучување кон заедничките листи тие можеби ќе бидат дел од заедничките листи, можеби ќе бидат и сами на изборите, бидејќи тие и во минатото биле во коалиции и со партии коишто не направиле еден милиметар за европските интеграции на државата. Ние да не заборавиме, во моментов сме во владина коалиција која што се грижи за продолжување на европскиот пат на државата, за унапредување на процесите, меѓутоа да не заборавиме дека во таа коалиција има политички партии коишто цела декада биле во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ кога бевме окарактеризирани како заробена држава. И затоа одлуката е секогаш на политичките партии во какви коалиции ќе влезат и дали ќе настапуваат сами на изборите, кажа Ковачевски.

Во однос на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека власта и ја отстапиле на ДУИ и дали тоа ќе ја чини партијата на изборите, Ковачевски вели дека тоа не е точно и оти, како што вели, ВМРО-ДПМНЕ сака сите Албанци да ги претстави како ДУИ.

Погледнете го бројот на министри на ДУИ во владата која што јас сум ја предводел, погледнете го бројот на министри на ДУИ во влада која што ја предводела ВМРО-ДПМНЕ во тек на 11 години, ист е бројот. Проблемот е што ВМРО-ДПМНЕ сака сите Албанци да ги претстави како ДУИ, што не е точно. Министерот за здравство, министерот за информатичко општество претходно министерот без ресор, за односи со дијаспората, тие не беа од ДУИ. Второ, ако го погледнете бројот на институции коишто се предводени од ДУИ исто така тој не е поголем број. Меѓутоа, се сака да се направи равенство помеѓу партијата ДУИ Албанци и дека нешто не функционира. Тоа е тезата која што две години, а интензивно во последната година ја вергла партијата ВМРО-ДПМНЕ притоа седејќи во коалиција во Тетово со партијата Беса, вели Ковачевски.

Ковачевски, на прашањето што го оценува како успех, а што како неуспех во неговото владеење како премиер, вели дека владата во тие две години работела во најголемата енергетска криза во Европа, па ефектите од војната во Украина, по што следеше, вели, енормната инфлација во Европа.

Во 2018 минималната плата беше 8.000 денари, сега минималната плата е 22.000 денари. Потоа, просечната плата е зголемена не на 500 евра колку што беше според Програмата на владата и на СДСМ, туку на 630 евра, предвреме. Тоа значи дополнителни финансиски средства кај сите граѓани. Невработеноста од 24 проценти е намалена на 12,8 проценти. Странските директни инвестиции од 356 милиони евра колку што изнесуваа во 2016 година на годишно ниво во време на криза 735 милиони евра. Кога сите предвидуваа крах на енергетскиот систем, ние успеавме да обезбедиме електрична енергија и тоа електрична енергија со 90 проценти субвенции од државата, бидејќи граѓаните доколку не беше таа субвенција и зголеменото производство на електрична енергија ќе плаќаа 90 проценти повисоки сметки од тоа што плаќаа, вели Ковачевски.

Тој вели дека во земјоделието е направена историска реформа на субвенциите, со којашто сега земјоделците субвенциите ги добиваат авансно.

За првпат добија 30 проценти од субвенцијата авансно на крајот од минатата година, сите земјоделци во државата. Сто проценти е зголемено зелената нафта која што е ја добиваат по хектар. Таа веќе е дојдена 9.600 денари по хектар за земјоделците за обработка. Значи од државата добиваат нафта. И сега субвенциите ги добиваат вистинските земјоделци. Ако во минатото ги добиваа од државни службеници до вработени во МВР, до вработени во Влада, сега со реформите коишто се направени согласно со европските стандарди, имаме субвенции авансно исплатени со историски највисоки износи за вистинските земјоделци, рече Ковачевски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

8xbet คาสิโนออนไลน์888
8xbet
8xbet
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ข่าวฟุตบอล
8xbet บาคาร่า
8xbet เว็บพนันออนไลน์เว็บตรง
บอลไทย U23
แทง บอล เดี่ยว
ข่าวบอลอังกฤษ
การคาดการณ์การแข่งขัน
8xbet คาสิโนสด
คะแนน ผล บอล สด 888
พัทยาสปอร์ต
ข่าวกีฬาเขตร้อน
ผลบอลสดวันนี้
ดูบอลสด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ราคา บอล ภาษา ไทย
8xbet แจกเครดิตฟรี 1000บาท
ไทยล่าสุดฟุตบอลยุโรป
ดูบอลออนไลน์888
โปรแกรม ฟุตบอล ไทย วัน นี้
8xbet
888 ผล บอล สด ภาษา ไทย
8xbet-สล็อตแมชชีน
ถ่ายทอดสดฟุตบอลวันนี้
ดูการแข่งขันฟุตบอลออนไลน์
วันนี้ล่าสุดฟุตบอล
ดูบอลสด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
กษัตริย์สปอร์ต
เว็บข่าวกีฬา
ข่าวกีฬา ข่าวฟุตบอล
ดูบอลสด
ผล บอล ไทย 888
ฟุตบอลไทยล่าสุด
บอล วัน นี้ บ้าน ผล บอล
ผลบอลสดไทย
ผล บอล สด 888
อัปเดตข่าวบาดเจ็บ ล่าสุด
ผล บอล สด ตาราง คะแนน
ดูฟุตบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ผลการแข่งกัน
8xbet
ตาราง บอล สด ไทย
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสดวันนี้
8xbet
ข่าวกีฬาสดใหม่
Sport Live News
8xbet สล็อตออนไลน์
8xbet คาสิโนสด
meta789 สถานีข่าวกีฬาฟุตบอล
การเดิมพัน 8xbet
ผล บอล ไทย สด
8xbet
8xbet - หน้าแรกการเดิมพันออน
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอล ดูบอลสด
8xbet เข้าสู่ระบบ
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet คาสิโนสดไทย
8xbet
ดูบอลสด วันนี้ HD ครบทุกคู่
ข่าวกีฬาวันนี้
8xbet คาสิโนถูกกฎหมาย
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
คะแนนฟุตบอล และข่าวสาร
8xbet
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ฟุตบอล
บอลไทย U23
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก
TNS Thai Sport
ตก็สามารถดูบอลออนไลน์ได้ทันที.
8xbet
พนัน บอล สด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ตารางบอล
แพลตฟอร์มการเดิมพันชั้นนำของเอเชีย
ข่าวกีฬาวันนี้
เว็บไซต์รวมกีฬาและภูมิศาสตร์มนุษย์ของประเทศไทย
ฟุตบอลวันนี้ ถ่ายทอดสด
ผล บอล ไทย สด
โปรแกรม บอล ไทย u23
8xbet ออนไลน์
8xscore
ข่าวฟุตบอล
8xbet คาสิโนออนไลน์อันดับ1
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
บอล สด 888
8xbet
สกายสปอร์ต
การดำเนินชีวิตที่เทคโนโลยี
ดูบอลออนไลน์ ไม่กระตุก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
สำหรับคอกีฬาอย่างคุณไม่ควรพลาด
8xbet สโมสรกีฬาออนไลน์และคาสิโน
คาสิโนออนไลน์ 8xbet
ไฮไลท์ฟุตบอลตารางบอล
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผลบอลสดวันนี้
ฟุตบอลต่างประเทศ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอลสดฟรี
ดูบอลฟรี android tv รองรับทุกระบบ
ข่าวฟุตบอลไทย
ข่าวฟุตบอลล่าสุด
8xbet เว็บคาสิโนสด
บอลไทย ตารางแข่ง
Nuru Sports Club
ดูฟุตบอลออนไลน์
8xbet เว็บบาคาร่าออนไลน์
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
วันนี้ล่าสุด
Sunshine Sports
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
และกีฬาอื่นๆ
ผลบอลเมื่อคืน
8xbet เครดิต ฟรี
สารานุกรม
8xbet
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสด
แทง บอล ขั้น ต่ํา
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด ลา ลิ กา
บอลไทย
ตารางบอลล่าสุด
พรีเมียร์ลีก
ผลบอลผลบอลสด
โปรแกรม บอล
ข่าวการแข่งขันฟุตบอล
เว็บดูบอลออนไลน์ที่จะช่วยให้คุณ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูทีวีออนไลน์
8xbet คาสิโนบาคาร่า
ดูบอลสด
การคาดการณ์การแข่งขันอ
ได้เครดิตฟรี 100 บ
โปรแกรม ถ่ายทอด ฟุตบอล สด
อัปเดตข่าวฟุตบอล ล่าสุด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ฟุตบอลเชลซีถ่ายทอดสด
วิธีแทงบอลในเว็บ
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
แทง บอล ออนไลน์ ยัง ไง
อัตรา แทง บอล
พนัน บอล สด
รวมข่าวฟุตบอล ผลบอล
ผลบอลสด7m888
8xbet การพนันออนไลน์
ข่าวกีฬา
ผลบอลสด
8xbet คาสิโน มีอะไรบ้าง
ฟุตบอลทีมชาติไทย
ตาราง ฟุตบอล ทุก ลีก
แทง บอล คือ อะไร
ตาราง คะแนน พรีเมียร์ ลีก
โปรแกรมถ่ายทอดสด
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา
บอล พรีเมียร์ ลีก
คะแนน บอล สด
ผลฟุตบอล
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
ข่าวกีฬาออนไลน์
ไฮไลท์ฟุตบอล
Sports Around Thai
8xbet เครดิตฟรี50 แทง บอล
ไฮไลท์ฟุตบอล
สล็อตออนไลน์
กีฬาต่างประเทศ ผลบอล
เดิมพันแมนเชสเตอร์ซิตี้
ผลบอลสด888
8xbet คาสิโนออนไลน์เว็บตรง
ไฮ ไล ท์ แมน ยู ล่าสุด
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด
เว็บไซต์เดิมพันกีฬาที่ดีที่สุด
ดูบอลออนไลน์
เดิมพันกับ 8xbet
วิเคราะห์บอล
8xbet
8xbet คาสิโนออนไลน์ที่ดีที่สุดในเมืองไทย คา
ข่าวกีฬาวันนี้ ล่าสุด
ดูฟุตบอลออนไลน์
ดูบอลสดไทย
8xbet สล็อตแมชชีน
พนัน บอล สด
ข่าวบอลพรีเมียร์ลีก
แม็กกี้ สปอร์ต
8xbet
ข่าวกีฬา ล่าสุด
4U Sports Thai
8xbet คาสิโนพรีเมียม
ข่าวกีฬาล่าสุด
ผลบอลสด888 บอลพรุ่งนี้
เกมสล็อต 8xbet
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผล บอล สด 365
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet
กีฬาแห่งประเทศไทย
8xbet
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ข่าวกีฬาไทย 24
สล็อตออนไลน์เว็บตรงไม่ผ่านเอเย่นต์ PG SLOT99
ผล บอล สด sbobet
เว็บโป๊กเกอร์ออนไลน์ ที่ pokerthai99
ผลบอลสด
ฟุตบอลไทยวันนี้ช่องไหน
อัตรา แทง บอล วิเคราะห์บอล
รายการ บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ทีเด็ดบอลวันนี้ 4 คู่ผลบอลสด
ตารางบอลวันนี้ ทุกลีก ภาษาไทย
ดูวิเคราะห์บอลวันนี้
ไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสดไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสด ช่อง ไหน
โปรแกรม พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ถ่ายทอด สด
เช็ค ผล บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ
888 ผล บอล ผล บอล สด