Ковачевски: Осуда за одлуката на Русија за признавањето на Донецк и Луганск

Објавено на 22 февруари, 2022 во 11:42

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, преку својот Твитер профил ја осуди одлуката на Руската Федерација да ги признае регионите Донецк и Луганск во Украина како „Народни Републики”.

Премиерот Ковачевски на социјалната мрежа напиша:

„Ја осудувам одлуката на Русија за признавање на Донецк и Луганск како самонаречени „Народни Републики”.

Ваквиот чин е директен напад врз територијалниот суверенитет и интегритет на Украина и кршење на договорите од Минск и одлуките на Советот на ООН од 2015.

Заедно со НАТО сојузниците повикуваме на решавање на конфликтот по дипломатски пат.”

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License