Нема повредени македонски војници во нападите во Кабул
Објавено на 13 ноември, 2012 во 17:34
Во нападите што рано наутро се случија во вторникот во Кабул,нема повредени македонски мировници,соопшти министерот за одбрана на Република Македонија Фатмир Бесими.Првиот човек на одбраната заедно со генерал мајор Горанчо Котевски,началник на Генералштабот на АРМ разговарале телефонски со нашите мировници од каде добиле информација за состојбата на теренот.
“Директно контактирав со командантот на нашите сили,дознав дека вооружен напад имало ама без последици по припадниците на Армијата. Тие се подготвени и понатаму да ги извршуваат своите задачи заради кои се во Авганистан,рече Бесими при неговата посета на касарната “Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово.
