Ланците, од четврток, задолжително во возилата!
Започнува законската обврска за носење на зимска опрема во автомобилите и товарните возила. Независно од моменталните временски услови возачите се обврзани, од 15 ноември до 15 март, во возилата да носат ланци како приоритетна опрема за одвивање на сообраќајот во зимски услови.
Од АМСМ информираат дека сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани, по суви и чисти коловози. Појава на влажни коловози има на повисоките места и на планинските превои.
Поради можни одрони на коловозот внимателно треба да се вози на патните правци Дебар –Струга, Маврово – Дебар, Катланово- Велес и Демир Капија – Удово. Сообраќајот од две е насочен на една коловозна лента на магистралниот пат Катланово – Велес поради поправка на патот. На граничните премини нема подолги задржувања на излез и влез во државата
