Во Њујорк, во вторник, заедничка средба на Нимиц со преговарачите Јолевски и Василакис
Објавено на 20 ноември, 2012 во 08:43
Со преговарачите Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис, медијаторот во македонско-грчкиот спор за името, Метју Нимиц ги одржа одвоените средби.
Средбите се случија во понеделникот и засега не се соопштени детали околу содржината на разговорите.
Во вторник треба да се одржи заедничката средба на Нимиц со Јолевски и Василакос.
Претходно, преговарачот најави дека средбите се одржуваат со цел да се оцени статусот на разговорите и да се направи напредок кон изнаоѓање на обострано прифатливо решение за спорот со името.
