И власта и опозицијата во одбрана на буџетот!

Објавено на 24 декември, 2012 во 10:25

Напнато и тензично е пред македонскиот парламент. Од една страна приврзаници на власта, од другата приврзаници на oпозицијата, а меѓу нив кордон со полицајци. Некои медиуми јавија дека летале камења, летви и пластични шишиња.

Поддржувач на владејачките партии упадна, го одзема и го запали државното знаме од поддржувач на опозицијата. Од камен фрлен од страна на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, во нога е погоден 70-годишен човек и е пренесен во Градската болница.

Луѓето од “Фронтот за народот, фронт за Македонија се “вооружани“ со транспаренти против Црвенковски, и македонски знамиња,  а припадниците на опозицијата со македонски и партиски знамиња.

Полицијаците во целосна опрема се обидуваат да ги разделат двете груп и да спречат да не дојде до посериозен инцидент.

Автобусите од Битола кои ги пренесуваа симпатизерите на опозицијата на простестот пред македонското собрание во Скопје, беа стопирани од страна на полицијата, пренесуваат некои портали.

Цело министерство за екологија добило наредба да ги напушти работните места и да се приклучи на контра-демонстрантите пред Собранието на Република Македонија. Истото се случува и со другите министерства и целата администрација, пишува А1он.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.