Вељаноски: “Не се почитува полтичкиот дијалог„ !

Објавено на 24 декември, 2012 во 11:09

Претседателот на собранието, Трајко Вељаноски преку соопштение се обрати до јавноста околу хаосот кој владее во парламентот.

„За жал, на денешната координативна средба на претседателот на Собранието, со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи, координаторот на пратеничката група на СДСМ не учествуваше, како што тоа го правеше повеќе од седум месеци претходно.

Со ова, тој повторно покажува непочитување на член 24 од Законот за Собранието на Република Македонија, во кој е предвиден политичкиот дијалог во парламентот.

Очигледно неговото учество на кординативните средби минатата недела како координатор на најголемата опозициона партија во Собранието било наменско: преку ултиматум и уцена да се добие алиби за предизвикување хаос, непочитување на институциите и злоупотреба на граѓаните и улицата за своите теснопартсики сценарија и интереси.“ се вели во соопштението до Вељаноски.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.