Новинарите исфрлени од собрание!

Објавено на 24 декември, 2012 во 13:16

Обезбедувањето на македонскиот парламент брутално ги исфрли новинарите од своите работни места во  собранието.

Новнирите и снимателите се единствени во ставот, дека никој нема право да ги оневозможува да ја вршат својата задача, но полициското обезбедување упадна во галеријата и еден по еден, влечејќи ги новинарите, ги исфрлија надвор.

„Знаете ли каква грда слика праќа Македонија со ова, но секоја сила завршува неславно“, изјави Насер Селмани, претседателот на ЗНМ.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.