„Слава му на Господ за мирот на луѓето со добра волја на земјата”!
Објавено на 25 декември, 2012 во 09:11
Денеска Божиќ го слават католичките верници кои се придржуваат на Грегоријанскиот календар.
По Бадниковата вечера, од синоќа на полноќ, католичките верници го слават еден од најрадосните христијански празници. Верниците го слават раѓањето на синот Божји, Исус Христос.
Празникот е посветен на доаѓањето на Исус Христос на земјата и љубовта која го принудила да го земе човечкото тело, да живее на земјата со сите човечки несреќи и да се жртвува за луѓето.
Верниците денеска се молат и пеат во чест на роденденот на синот Божји.
Честит Божиќ!
