Променливо облачно време со сончеви периоди!
Претпладне по котлините и речните делови ќе има појава на магла.
Денеска попладне во западните делови на Македонија ќе се зголеми облачноста и ќе има врнежи претежно од дожд кои постепено до вечер ќе преминат во снег на планините..
Кон крајот на денот од север ќе се спушта постуден воздух проследен со умерен до засилен северен ветер и ќе придонесе врнежи од снег да има и на пониските места, особено во западните делови од земјава.
Утринската температура ќе се движи од – 2 до 3, а дневната од 3 до 12 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно, попладне со врнежи од дожд.
Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до 4 степени.
Во ноќните часови ќе почне да дува умерен до засилен северен ветер.
