ЕСИ: Визи за земјите од западен Балкан !?

Објавено на 3 јануари, 2013 во 18:49

Според извештајот на Европската иницијатива за стабилност, земјите од Западен Балкан, сериозно се соочуваат со ризикот Европската Унија повторно да им воведе визи.

 

Во извештајот, Македонците, Србите и другите граѓани во регионот кои три години ги користат предностите на безвизниот режим  се предупредени дека може да им се случи веќе од летово повторно да стојат во редици пред европските амбасади.

Тоа може да се случи ако враќањето на визите го побара некоја од земјите членки на ЕУ.

„Ризикот овие земји да се соочат со клаузулата за суспензија на безвизниот режим, штом ќе биде прифатена, е реална и се поголема. ЕК е веќе под енормен притисок од мнозинството земји членки, а со изборите во Германија во септември годинава, повиците да се одговори на проблемот со балканските азиланти само ќе стане погласен. Веќе летово граѓаните на Западниот Балкан може повторно да се редат пред западните амбасади за да аплицираат за виза”, стои во извештајот на ЕСИ.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.