Студено со северен ветар и ниски температури!

Објавено на 8 јануари, 2013 во 08:37

Времето денеска ќе биде претежно сончево, студено и ветровито. Во утринските часови ќе има појава на мраз, а понекаде можна е и појава на голомразица.
Ќе дува засилен северен и северозападен, а во западните предели на земјата засилен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 40 километри на час. 
Утринските температури ќе се движат од -11 до -3 степени Целзиусови, а максималните дневни температури ке се движат од -4 до 4 степени Целзиусови. 
Во Скопје слично време со температура од -6 до -1 степен Целзиусов.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.