Студено, променливо облачно и со малку сонце!

Објавено на 9 јануари, 2013 во 07:54

Во североисточните делови на Македонија ќе паѓа слаб снег. Ќе дува и слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринските температури ќе бидат ниски и ќе се движат од -13 до -4 степени.

Максималните температури ќе се движат од -6 до 5 степени.

Во Скопје температура до -2 степени.

Македонија имаше поларна ноќ. Утрово Беровчани се будеа на  минус 16 степени. Само два степени повеќе, минус 14,  беа измерени  во Крива Паланка, -13 во Маврово, -12 во Скопје и Крушево, -11 во Лазарополе, -10 во Битола, Прилеп, Штип, Демир Капија, Струмица и Куманово.

УМХР измери температури од -9 Целзиусови степени во Охрид, Кавадарци, Претор, Виница и Тетово. Во Гевгелија утринската температура изнесуваше -6 и во Дојран -4степени Целзиусови.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.