Облачно со магла во котлините!
Објавено: 14 јануари, 2013, во 08:33 часот
По утринската магла, претежно во котлините, до вечер во западните предели на Македонија се очекува слаб локален дожд а на повисоките планински места и слаб снег.
Ќе дува и слаб ветар, низ Повардарието ќе биде умерен од југоисточен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 11 степен Целзиусов.
Во Скопје до 8 степени Целзиусови.


