Повнимателно возете : Влажни коловози и магла!
Објавено: 15 јануари, 2013, во 08:35 часот
Слаб снег паѓа на Попова Шапка, но не создава проблеми во сообраќајот. Поради магла намалена е видливоста на 150 метри на патиштата околу Тетово.
Сообраќајот на останатите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани и ограничувања, по наместа влажни коловози.
Од АМСМ препорачуваат поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Задолжително е носењето на зимска опрема во возилата.
