Ховит: ЕУ да утврди датум за преговори со Македонија, без одложување!
Објавено на 15 јануари, 2013 во 18:21
Британскиот европратеник Ричард Ховит, упати повик до Советот на Европската Унија, без дополнителни одложувања да одреди датум за почеток на преговорите на Македонија за пристапување во ЕУ.
Повикот на известувачот на Европскиот Парламент за Македонија е во најновата Резолуција за напредокот на Македонија во 2012 година. Ховит наскоро ќе се дебатира во Европскиот парламент, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Европратеникот Ховит ги смета за вистински чекор напред заклучоците на Европскиот совет, во кои едногласно беше поддржано донесувањето на временски ограничено решение до јуни 2013 година, врз основа на последниот извештај на Комисијата.
