Умерено облачно со сончеви периоди!
Објавено: 16 јануари, 2013, во 07:55 часот
Денеска во Македонија во попладневните и вечерните часови ќе следи ново наоблачување и врнежи од дожд.
Се очекува да паѓа снег на планините на надморска височина од 1300 метри.
Ќе дува силен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 1 до 9 степени целзиусови, а максималните дневни температури ќе се движат помеѓу 5 и 14 степени Целзиусови.
Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 9 степени.


