Формирана комисијата за истрагата на авионската несреќа на екс претседателот Трајковски!
Комисијата е составена од 15 членови од кои петмина се Македонци утре започнува со работа. Нејзин шеф ќе биде Омер Кулиќ од Босна и Херцеговина.
Тој не откри детали на што ќе се фокусира истрагата, но потврдува дека ќе се истражуваат новите сознанија врз основа на кои беше одлучено да се отвори нова истрага за авионската несреќа во која загина претседателот Трајковски, неговите соработници и екипажот на владиниот кингер.
Освен од Македонија во комисијата ќе учествуваат преставници на Босна и Херцеговина, Хрватска и на Америка.
Нема постевено рокови до кога ќе трае истрагата.
Комисијата ќе се обиде да ги провери наводите поврзани со одговорноста околу падот на авионот кои не биле земени предвид и да ги утврди доказите кои биле игнорирани или испуштени.