Од утре увид во избирачкиот список!
Граѓаните од утре ќе можат да проверат дали се наоѓаат во избирачкиот список.
Впрочем од утре согласно роковникот за спроведување на локалните избори започнува увидот во избирачкиот список.
Од Државната изборна комисија информираат дека увидот ќе трае до 9 февруари секој ден во периодото од 8:30 до 19 часот во подрачните одделенија на Министерството за правда.
ДИК ги повикува сите полнолетни граѓани кои по 11 јануари оваа година извадиле биометриска лична карта или патна исправа да се јават во подрачните одделенија и канцеларии на Комисијата заради проверка и впишување во Избирачкиот список во периодот додека трае јавниот увид.
Доколку по завршувањето на јавниот увид не поднесат барање, граѓаните нема да имаат право да бидат запишани во Избирачкиот список за Локалните избори 2013.
Проверка во избирачкиот список граѓаните можат да направат и електронски преку веб-страницата на Државната изборна комисија: www.sec.mk во делот Избирачки список.