Претежно облачно и студено со повремен снег!
Објавено на 26 јануари, 2013 во 08:20
Денеска во Македонија времето ќе биде облачно и студено со повремен снег особено во попладневните часови.
Попладне врнежите ќе престануваат или ќе бидат со слаб интензитет.
Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.
Ќе дува умерен северен ветар.
Температурата ќе се движи од -5 до 2 степени.
Во Скопје температура до 1 степен.