Забрани за товарни возила кај Маврово – Дебар, Стража и Ѓавато!
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива во зимски услови, по влажни коловози на повисоките места во западните и југозападните делови од државата, наместа со остатоци од кашест снег, соопшти АМСМ.
Поради врнежи од снег забрани за тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово – Дебар, како и на планинските превои Стража и Ѓавато.
Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен, редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци.
По клисурите и засеците можна е зачестена појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија-Удово и Катланово-Велес, кои можат да го попречат движењето на возачите.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Задолжително е носењето зимска опрема во возилата.