Поради ниските температури подмрзнаа коловозите!

Објавено: 28 јануари, 2013, во 08:45 часот

 

Во зимски услови, по влажни коловози и наместа со остатоци од кашест снег, во  вакви услови се одвива сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата.

Ниските температури ги подмрзнаа козловозите на кои редовно се фрлаат сол и ризла.

По клисурите и засеците можна е зачестена појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија-Удово и Катланово-Велес.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Задолжително е носењето зимска опрема во возилата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.