Во Македонија се истражителите за паднатиот Кингер!

Објавено на 9 февруари, 2013 во 09:28

Омер Кулиќ, главниот истражител во случајот со авионската несреќа во која загинаа претседателот Борис Tрајковски и членовите на делегацијата, пристигнаа во Македонија.

 

Кулиќ денеска ќе одржи прес конференција на која ќе ја информира јавноста за почетoкот и текот на повторно отворената истрага.

Се очекува да ги претстави македонските експерти кои се дел од петнаесет члениот меѓународен тим формиран за истрага на несреќата.

Од повторената истрага  се очекува да ги расветли сите спорни моменти поврзани со авионската несреќа.

Кингерот се урна на 26 февруари 2004 година кај Мостар, Босна и Херцеговина.

Тогаш загинаа претседателот Борис Трајковски, членовите на државната делегација и екипажот на авионот.

Во истражната комисија има експерти од БиХ, Македонија, Србија и Хрватска.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.