Сообраќајот се одвива во зимски услови, по влажни коловози!

Објавено на 10 февруари, 2013 во 09:15

Слаб снег кој не го попречува одвивањето на сообраќајот има во Крива Паланка и на Плетвар.

 

Забраната за тешки товарни возила на кракот Маврово-Дебар е укината во 07.20 часот.

По клисурите и засеците можна е почеста појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово и Катланово – Велес, кои можат да го попречат движењето на возачите.

Ообено внимателно треба да се вози на патните правци Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде што се забележани почести одрони од вообичаеното.

Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се на терен и редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Задолжително е носењето на зимска опрема во возилата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.