Собранието ќе расправа за предлогот на АМАН!

Објавено на 11 февруари, 2013 во 09:55

 

Како 26 точка на дневниот ред на денешната седница на Собранието е ставен предлог законот за измена на Законот за енергетика доставен од граѓанското здружение АМАН кој го потпишаа 13.000 граѓани.

 

По предлогот расправаа членовите на матичната собраниска комисија и на законодавно-правната комисија кои го одбија со образложение дека прифаќањето на предлозите ќе резултираат со наизменично поскапување на струјата.

Законот е во прво читање во собранието, по што повторно ќе биде разгледан во комисиските тела, а при второто читање собранието ќе одлучи конечно дали да го прифати.

Пратениците денеска ќе го разгледуваат и Закон за партиски истражувачко-аналитички центри во второ читање и пратениците ќе треба да одлучат дали ќе го прифатат предлогот за формирање истражувачки центри за четрите најголеми партии, кои ќе бидат финансирани од буџетот со средства во висина од 280.000 денари.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.