Земјотрес го стресе Охрид!
Објавено на 12 февруари, 2013 во 13:59
Земјотрес со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала беше почувствуван напладне, во 12 часот и шет минути, во Охрид и околината пренесе Лихнид.ком.
Апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, со својата телеметриска мрежа на сеизмолошки станици соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на 130 километри југозападно од Скопје, во охридскиот регион.
