СДСМ денеска пак повтори дека ќе има предвремени избори!

Објавено на 2 март, 2013 во 20:54

СДСМ смета дека нивното клучно барање, за одење на предвремени парламентарни избори, било постигнато.

На прес конференција денеска Андреј Петров, кој бил учесник во преговорите рече дека бил постигнат политички договор и немало дилеми околу тоа.

 

“Прво, договорено е веднаш по локалните избори да се седне на заедничка маса со цел да се утврди тајмингот за следните парламентарни избори. Точно е дека зборот “предвремени“ не е содржан во договорот, и тоа само заради инаетењето на Никола Груевски и неговото инсистирање на формата“ рече Петров.

Според него тајмингот за редовни парламентарни избори било утврдено со устав, а секое седнување на маса и договараење на друг датум значело  договарање за предвремени избори. / А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.