Познати членовите на ад-хок комисијата!
Објавено на 16 март, 2013 во 18:04
Власта и опозицијата се договорија за комисијата која ќе ги истражува настаните од 24 декември во парламентот.
Благородна Дулиќ и Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ и Рената Треновска Десковска и Љубомир Фрчковски од СДСМ се членовите на ад-хок комисијата.
Ваков договор беше постигнат на денешната консултативна средба меѓу Борис Јосифовски, генерален секретар на Кабинетот на претседателот на Република Македонија, и генералните секретари на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Божиновски и на СДСМ Андреј Петров./ А.Д