Ивановски: Со ВМРО ДПМНЕ, освен за Струга и Кичево,продолжуваме како противници!
Гласовите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и на останатите политички партии не смеат да бидат предмет на пазарење и раситнување, објави Лихнид.ком.
Токму поради тоа во Струга направивме коалиција, која не е моноетничка, туку ова што ние го направивиме во Струга е вистинската одбрана за спречување на било какви етнички или радикални политички коалиции, рече на заедничкиот митинг на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Игор Ивановски од СДСМ.
„Оваа коалиција е единствениот начин која ќе биде одбраната и браникот на мултиетничноста на Струга.Ова заедништво треба да ја промени Струга која сега ја гледаме во мрак и темница, без улуци, Струга со многу криминал и не безбедна. Оваа коалиција треба да биде модерна и европска. Да на оние кои сметаат дека со нови радикализми, поделби и стари идеји само во нови обланди ние ќе се спротиставиме со програма, добра мисла, и желба да работиме.Оваа коалиција е за сите“, рече Ивановски.
Извор: Лихнид.ком