Во Прилеп интензивно се исплаќаат субвенциите за тутунот!
Државата до крајот на неделава треба да исплати преку 26 милиони евра субвенции за тутунот од ланската реколта од кои над 12 милиони за тутунарите од Прилепско. Во Прилеп интензивно се исплаќаат субвенциите, а тутунарите од изутрината чекаат трпеливо пред филијалата на Тутунска банка.
Во Прилеп интензивно се исплаќаат субвенциите, а тутунарите од изутринава чекаат трпеливо пред филијалата на Тутунска банка. Се исплаќа државната поддршка за пет компании, а се очекува да се средат податоците за кооперантите за уште три компании.
– На сметките на тутунарите се субвенциите за тутунот кои тие го предале во пет компании, а уште од вчера се обработуваат податоците за три компании- Прилепскиот тутунски комибинат, Центротабак од Велес и за Далија од Делчево. Се очекува во текот на денешниот ден да се средат формалностите и тутунарите да ги имаат парите на сметките, изјави Данчо Милески, претседател на Соузот на тутунските здруженија на Македонија.
Тутунарите нагласуваат дека парите од државната поддршка навреме пристигнуваат, затоа што почнаа подготовките за новата реколта и има трошоци за расадопроизводството, орањето на површините и за ѓубривото.