Пролетта доаѓа само календарски!
Иако календарски доаѓа пролетта сепак прогнозите на синоптичарите најавуваат дека зимата уште некој ден ќе ги покажува забите.
Утре ќе биде облачно со врнежи од дожд и ветровито. Во вечерните часови и во текот на ноќта врнежи од снег се очекуваат над 1200 метри надмирска височина. Ке дува засилен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ке дува засилен југозападен ветер. Утринските температури ке се движат од 2°C до 9°C, а максималните дневни температури ке достигнат до 8°C односно до 16°C.
Во петок ке биде претежно сончево, ветровито и постудено. Ке дува засилен студен северен и северозападен ветер кој ке достигне брзина и до 50 км/ч. Утринските температури ке се движат -1°C до 6°C, а максималните дневни температури ке достигнат до 6°C односно до 14°C.
Во сабота во утринските часови ке има појава на умерен мраз поради ниските утрински температури кои ке се движат од -6°C до 1°C, а во текот на денот ке биде претежно сончево и ветровито. Ке дува умерен северен и северозападен ветер. Максималните дневни температри ќе бидат во благ пораст и ке се движат од 8°C до 16°C.
Услови за појава на умерен мраз ке има и во недела во утринските часови кога се очекуваат утринските температри да се движат од -4°C до 3°C, а во текот на денот ке биде умерено облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот наоблачување. Ке дува засилен јужен и југоисточен ветер. Максималните дневни температури ке се движат од 9°C до 17°C.
Синоптичарите за од понеделник најавуваат повторна дестабилизација на времето. Прогнозите велат дека не очекува недела со врнежи од дожд и пад на температурите, а во втората половина од недела можни се слаби локални врнежи од снег./A.Д
извор: weather4all.com.mk