Слободни и фер избори во Македонија!
Во соопштението потпишано од заменик амбасадорот на мисијата на САД во ОБСЕ Гери Робинс, се повикуваат македонските власти и сите граѓани да обезбедат изборите да бидат ослободени од какво било насилство и притисоци.
„Задоволни сме што видовме дека лидерите на разните политички партии во Македонија беа подготвени да постигнат конструктивен договор кој овозможи изборите да се одржат како што првично беа закажани. Сакаме да се заблагодариме на ОДИХР за организирање на мисијата за проценка на потребите и, потоа, тимовите за долгорочно и краткорочно набљудување на изборите, и упатуваме благодарност до државите кои придонесуваат до овие мисии. Како дел од нејзиниот напредок кон зголемена евро-атланска интеграција, Македонија би требала да продолжи да ги косолидира демократските реформи и да ги засилува своите демократски институции. Слободните и фер избори се камен – темелник на секоја демократија. Ги повикуваме македонските власти и сите граѓани да обезбедат изборите на 24 март да бидат навистина слободни, фер, транспарентни и слободни од насилство и притисоци“, пишува во соопштението на мисијата на САД при ОБСЕ.
Соопштението на Мисијата на САД и ОБСЕ е издадено вчера. Во него е посочено задоволството од постигнатиот договор на македонските партии за одржување на локалните избори со потсетување дека слободни и фер избори се камен темелник на секоја демократија./Е.Н.Ј