ЗНМ изразува сочувство за загинувањето на Никола Младенов!
Објавено на 27 март, 2013 во 15:43
“Изгубивме колега, кој остана верен на неговите читатели и критичен на секоја власт. Вакви новинари се ретки и затоа загубата е огромна. Никола беше и останува светла точка на македонското новинарство, од кого ќе можат да учат иднините генерации новинари. ЗНМ изразува сочувство на семејството на Младенов и на неговите блиски соработници и пријатели. Почивај во мир колега!“, се вели во сочувството од Македонското Здружение на новинарите.
Прераното заминување на Младенов не е само голема загуба за неговото семејство и неговите пријатели, туку претставува огромна загуба и за сите македонски новинари, се вели понатаму во сочувството што Здружението на новинари на Македонија го испрати по трагичната смрт на основачот на неделникот “Фокус“.