Дожд и слаб ветар!
Објавено на 29 март, 2013 во 08:19
Променливо облачно со врнежи од дожд, особено претпладне.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец и ќе се засилува долж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната од девет до 16 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд.
Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 13 степени.