Мировниот корпус бара волонтери!
Објавено на 29 март, 2013 во 09:14
Мировен корпус Македонија објави повик за апликации за волонтер во 2013 година.
Во проектот можат да аплицираат заинтересираните училишта, организациите од граѓанскиот сектор и општините.
Краен рок за аплицирање е 15-ти мај.
Мировен корпус организира 7 регионални промотивни средби со цел подобро запознавање на потенцијалните организации и институции со работата на волонтерите и програмата на Мировен корпус во Македонија.
Од почетокот на април ќе се организираат регионални информативни состаноци и тоа, на 2-ри април во Тетово и Штип; 3-ти април во Струга; 4-ти април во Куманово и Битола и 5 -ти април во Велес и Струмица.