Темелко: И националноста во документите!
По законското враќање на македонскиот топоним Пустец, градоначалникот Едмонд Темелко, бара во личните документи на граѓаните да стои и националната припадност на Македонците во Албанија.
Темелко е претседател на на македонската партија Македонска алијанса за европска интеграција. Тој за тиранскиот дневен весник Gazeta shqiptare, рече дека националната припадност во личните документи постоела во комунизмот, а сега во демократијата тие не се внесуваат.
Невнесувањето на националната припадност во документите е навреда за Македонците вели Темелко и објаснува дека барање го доставил до Европскиот суд за човекови права во Старазбур.
„Ние не го признаваме пописот кој се одржа во Албанија, бидејќи на Македонците не им беше дозволено тие да го искажат својот идентитет”, вели Темелко.
Во девет села во Пустец има 5.300 Македонци, но во Албанија живеат Македонци и во многу други градови и села, изјави Темелко за албанскиот весник.