Возете внимателно поради ситни одрони на патиштата!

Објавено на 4 април, 2013 во 07:28

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива по влажни коловози.

Патниот правец Неготино-Радовиш односно Неготино – Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот кај Пепелиште целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци. Поради тоа сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино – Криволак – Пепелиште и тоа само за лесни возила.

За потребите за изработка на проектна документација за реконструкција и рехабилитација на патниот правец Велес-Кадрифаково како експресен пат, се извршуваат активности на патот. Таму се врши геодетско снимање и се поставени 2 табли за известување за работа на пат, од кои едната ќе биде поставена на клучката кај Велес, а другата на клучката кај Кадрифаково.

На патниот правец Гостивар – крак Маврово кај с.Церово се врши реконструкција на мостот и сообраќајот се одвива регулирано со семафори за наизменично пропуштање на возилата и по една коловозна лента.

На патниот правец Демир Капија – Удово, кај тунелите на Демир Капија, се изведуваат градежни работи на пат. За тоа има поставено светлосна сообраќајна сигнализација која го регулира сообраќајот. Можни се повремени кратки застои во одвивањето на сообраќајот на тој дел од патот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.