Претпладне сонце, попладне пороен дожд!
Објавено: 5 април, 2013, во 06:49 часот
Во Македонија, денеска, ќе биде сончево со умерена облачност и со силен ветер од јужен правец со брзина и над 90 километри на час.
Попладне во западните и северните подрачја ќе има локален пороен дожд и можна појава на грмежи.
Температурата ќе достигне до 21 степен.
Во Скопје и околината ќе преовладува слично време.


