Еврокомесарот Филе во Македонија!

Објавено: 9 април, 2013, во 06:59 часот

Посетата на земјава еврокомесарот за проширување  Штефан Филе ќе ја започне со средба со заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Фатмир Бесими.

Се очекува тој да се обрати и на седница на Националниот совет за евроинтеграции.

Во разговорите со државниот врв, еврокомесарот Филе, се очекува да разговара за високиот пристапен дијалог што го води земјава со Европската комисија, вонредниот извештај на комисијата за напредокот на Македонија што би требало да биде презентиран на 16 овој месец.

Една од темите  се очекува да биде  и формирањето на Комисијата што треба да ги расветли настаните во Собранието  од 24 декември.

Во текот на денот во Брисел пак ќе има активности поврзани со Македонија. Европскиот парламент попладнево ќе гласа за резолуцијата за земјава поднесена од известувачот Ричард Ховит./Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.