Дебата за Законот за медиуми без новинари!
Објавено: 9 април, 2013, во 07:59 часот
Новинарските здруженија не сакаат дебата за Законот за медиуми без претходно него да не го видел ниту еден новинар.
Во знак на протест Здружението на новинари, Македонскиот институт за медиуми, Синдикатот на новинари и Центарот за развој на медиуми ја напуштија јавната дебата за законот организирана од министерството за информатичко општество.
Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани вели дека владата го подготвила законот и сега нуди дебата во краток рок без претходно документот да го видат оние на кои им е наменет.
„Ваквиот пристап на владата која сака во кратки рокови да го донесе Законот за медиуми за нас е неконструктивен. Сакам да ве потсетам дека во рамки на дијалогот што го имавме со владата во изминатите 2 години, владата не почитува ниту едно од тие заклучоци што сме ги договориле,“ рече Селмани.
Тој додаде дека новинарите и здруженијата се многу заинтересирани да учествуваат во дебата по законот но за тоа мора да има минимум услови. Ставот на ЗНМ го знаат преставниците на Европската комисија и на странските амбасади.
„Закон кој треба да регулира од односи во редакција, до статус на новинар и на новинарство не може да помине зад грбот на медиумските организации и зад грбот на нас новинарите. Нема да дозволиме да учествуваме во лажирање на нешто што се нарекува дебата, “ рече Тамара Чаусидис.
„Тоа е всушност главниот проблем, јас не познавам ниту еден колега кој досега имал пристап до текстот на законот и како што знаеме законот воопшто не беше ставен на јавен увид до сега, значи никој не знае за што правиме муабет,“ рече директорката на Македонскиот институт за медиуми, Билјана Петковска.
Дебатата беше закажана, вчера, на еден ден пред посетата на еврокомесарот Штефан Филе на Македонија.
Видео материјалот е на Радио Слободна Европа

Дебатата беше закажана, вчера, на еден ден пред посетата на еврокомесарот Штефан Филе на Македонија./Б.Н.Т
Видео материјалот е на Радио Слободна Европа www.makdenes.org