Новиот закон со еден куп казни за медиумите!

Објавено на 9 април, 2013 во 23:14

Иако медиумските организации не беа вклучени во подготовката на Законот за медиуми, владата сама си го напиша законот.Тој дури вчера попладне стана достапен за увид, a предвидува бројни казни за медиумите.

Законското решение што го предлага владата ги опфаќа електронските и печатените медиуми, како и веб-порталите. Советот за радиодифузија ќе се  нарекува Агенција за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги, а во неа ќе има директор и седумчлен Совет. Членовите ќе земаат надомест од четири македонски плати, или околу 80.000 денари.

„При пренесување на сервисните информации за временските услови, состојбата на патиштата и за други информации кои можат да влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните, медиумите треба да се повикуваат на податоците од надлежните институции и организации во Македонија“ – пишува во Законот.

Глоба во износ до 2 проценти од вкупниот лански годишен приход ќе заработи медиум кој нема да објави соопштенија или службени изјави од надлежни државни органи во случај на елементарна непогода, војна и слично. Иста парична казна, до 2 проценти од приходот во минатата година, ќе заработи медиумот што нема да склучи договор со лице од кое нарачува прилог, или весникот што нема да ги однесе сите изданија во Народна Универзитетска Библиотека. Медиумот што при пренесување сервисни информации за временската прогноза, состојбата на патиштата нема да се повикува на официјалните институции, ќе се казни со глоба од 2 проценти од приходот од ланската година.

Законот остава широк простор за толкување во решението со кое се пропишува дека новинар не е должен да го открие изворот на објавената информација освен во случаи утврдени со кривичен закон. Порталите ќе треба да ја достават и својата IP адреса.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.