Управен суд со в.д претседател!
Објавено на 16 април, 2013 во 13:34
Виолета Богоевска е в.д. претседател на Управниот суд.
На новата функција дојде од местото заменик претседател на институцијата.
Претседателката на Судскиот совет, Александра Зафировска потврди дека судскиот совет денеска ја констатирал оставката на досегашниот претседател Исамедин Лимани, која била доставена вчера околу 18 часот.
Лимани, самиот побара разрешување од функцијата поради несогласување со одлуката на Судот со која беа прифатени приговорите на ВМРО ДПМНЕ за општините Центар и Струга со што им се оспори победата на опозицискиот кандидат за градоначалник на Центар Андреј Жерновски како и на кандидатот за градоначалник на Струга од ДПА, Зијадин Села.