Санкции за злоупотребена социјална помош!
Се стега обрачот за корисниците на социјална помош. Секој што ќе се обиде да го изигра законот ќе биде санкциониран, рече денеска Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.
Ќе се работи на дослена примена и почитување на законите за да се намали злоупотребата на социјалната помош. Според Ристовски неможе да биде корисник на социјална помош лице кое што има високи месечни примања.
„Секој оној кој ќе се обиде да прима социјална помош, а истовремено остварува приходи кои се надвор од рамката која ја дозволува законот, бидете убедени дека за сите ќе биде поведена соодветна постапка пред надлежните судови и на никој нема да му биде простен долгот. Никој нема да може да се извади од тоа што злоупотребувал буџетски средства, бидејќи таквата злоупотреба е на грбот на оние на кои најмногу им се потребни тие пари“рече Ристовски.
Вчера беше откриен случај во кој лице со високи месечни примања земал пари и за социјална помош, што е казниво со закон.
Електронското поврзување меѓу институциите отвора можност за дневна основа на податок, што не им оди во прилог на злоупотребувачите, кои веднаш ќе бидат фатени./ А.Д