Цановски му сврте грб на Црвенковски!
ПЕИ на Фиат Цановски го напушти „Сојузот за иднината“, а останува да делува како опозиција, јави 24 вести.
Во партиското соопштение се наведува дека по анализата на резултатите од изборите, заклучиле дека е неопходно редефинирање на позициите што на партијата би и донеле поголем бенефит во нејзиното политчко делување.
„Почитувајќи ја волјата на членството, водејќи се од заложбите за посилно и поконкретно реализирање на програмските определби на ПЕИ, за унапредување на правата на нашето членство кое е мултиетнично, а особено за соодветно вклучување на торбешите како засебна етничка заедница во системот на институционално делување, одлучивме понатаму да не сме дел од здружената опозиција“ стои во соопштението на ПЕИ.
По ваквата одлука на Цановски, тој останува без пратеничка група во Собранието, бидејќи Бишевац и Николовска остануваат со СДСМ.
По излегувањето на ПЕИ од сојузот на иднината се остварува можност за нова независна пратеничка група што ја заговараат Величковски и Милетиќ.
Извор: 24 вести