Се намалува бројот на работници со скратено работно време!
Зголемен број на трансформација на работниот однос од скратено на целосно работно време е постигнат со последните активности на Министерството за труд и социјална политика и на Управата за јавни приходи. Ваква констатација денеска на прес конференција изнесоа министерот Спиро Рисовски и директорот на УЈП, Горан Трајковски.
„Минатата година кај 9.281 работодавач со 83.659 вработени имало 20.260 со скратено работно време или 24,5 отсто, заклучно со вчера борјот на работодавачи кои имаат работници со скратено работно време е намален 8.468 компании. Бројот на вработени е зголемен од 83.659 на 88.436, а бројот на вработени со скратено работно време од 20.260 е паднат на 16.671. Се работи за 6,5 проценти за намалување на вработени кои се пријавуваат со скратено работно време“ рече Трајковски.
Тој нагласи дека најголем број вработени со скратено работно време има во трговијата на мало, дејности за подготовка на оброци и служење на храна и оти тие се целни групи на посебна следење.
„Врз основа на констатираните неправилности донесени се решенија со кои се задолжуваат работодавачите да ги отстранат утврдените недостатоци и неправилности. При повторните контроли констатирано е дека на 1.254 работници кои работеле со скратено работно време, работниот однос им е трансформиран во работен однос со полно работно време“, рече Ристовски./ A.Д