По две години, повторно се роди новороденче во Охрид!
Објавено на 29 април, 2013 во 13:07
Утрово во 10.00 часот во новото гинеколошко одделение во охридската болница се роди првото новороденче. Тое е девојче, тешко 3килограми и 790 грама а долго е 52 см. Породувањето било со царски рез, пренесе Лихнид.ком.
– „Презадоволни сме од условите за работа, среќни сме, но и малку збунети затоа што по долго време во нашата болница се роди бебе“, изјави дежурен гениколог, д-р Ѓорѓи Танески.
Девојчето од кое охриѓани очекуваат да им донесе к`смет е прво новороденче што се раѓа по две години во градот. Болницата беше привремено иселена во Струга, се до неодамна од како повторно беше пуштена во употреба. Сега гинеколошкото одделение се наоѓа во новиот дел на Општата болница во Охрид.