Уште два месеци осигурениците ќе добиваат здравствени картони!
До јули, годинава, треба да се поднесат барањата за издавање на електронска здравствена картичка. Потоа нема да се добиваат сини картони.
Од министерството за здравство соопштија дека за 2 месеци целосно ќе почне имплементацијата на системот со електронски картички и секој граѓанин кој во рокот нема да ја извади ќе мора да се лекува со потврда која се добива во Фондот за здравствено осигурување.
Картончиња нема да се издаваат од јули годинава.
Електронските здравствени картички на вработените им ги вадат фирмите додека останатите треба сами да ги поднесат документите и извадат картичките на шалтерите во подрачните служби на фондот.
Досега, изработени се околу 610.000 картички од кои половината веќе им се поделени на осигурениците.
Цената на картичките во зависност од статусот на осигурениците е до 250 денари./Б.Н.Т