Ленка и ССНМ со иницијатива пред Уставен суд!

Објавено на 1 мај, 2013 во 16:07

Иницијатива пред Уставниот суд за оценување на уставноста и укинување на дел од законските одредби за репрезентативност на синдикатите во Законот за работни односи покренуваат Движењето за социјална правда Ленка и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници.

Со иницијативата бараат да се укинат одредбите со кои се утврдува дека списокот на синдикални членови дополнително треба да се верификува и од страна на работодавачот. Тие сметаат дека тоа претставува директно мешање во внатрешните работи на синдикатот  и  неспоиво е со начелата на „слободно синдикално здружување“ .

Иницијатива на Ленка и ССНМ ја поддржаа Синдикатот на вработените во управата, правосудството и здруженијата на граѓани  како и Самостојниот синдикат на клиничките центри./Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.