Доделена наградата „Гоце Делчев“!

Објавено на 4 мај, 2013 во 14:15

Академик Глигор Јовановски, проф. Д-р Блаже Боев,проф. Д-р  Петре Макрески и  проф. Д-р Радмил Поленаковиќ се добитници на државната награда „Гоце Делчев“ за 2013 година за значајни остварувања од областа на науката, а од интерес на државата. Наградата им беше денеска врачена во Музејот на македонската борба.

Академик Јовановски, проф д-р Блаже Боев и проф. Д-р Макрески се наградени за делото „Минерали од Република Македонија со вовед во минералогијата“, објавена во 2012 година. Проф. д-р Радмил Поленаковиќ и 17 коавтори се наградени за делото „Како до сопствен бизнис (Второ издание)“, објавено во 2012 година.

Наградите им ги врачи академик Владо Камбовски, претседателот на МАНУ и на Одборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“ кој им честита за постигнатите резултати во нивната досегашна научна дејност и им посака уште поголеми научни достигнувања./A.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.